Меџити не се повлекува, ќе биде и министер и кандидат за градоначалник


Изет Меџити (Фото: Б. Грданоски)
 
 
 
 
Проблемот е во тоа што на премиерот никој не му кажал дека „нормалното“ функционирање на институциите во Македонија граѓаните не го гледаат како нормално и што узурпацијата од политиката веќе го нарушува граѓанското секојдневие, кое со вакви самодадени привилегии на политичарите, станува неподносливо.
 
Уште повеќе што на почетокот на плурализмот имаше повеќе одговорност за демократскиот процес и кандидатите за други функции си даваа оставки на претходните, како што направи Теута Арифи кога се кандидираше од вицепремиер за градоначалник или Горан Сугаревски за директор на Царина. Вака политиката почнува да наликува на политичка окупација.
 
Инаку, министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити најави кандидатура за Чаир, а  Фатмир Лимани ќе биде кандидат на Вреди за Кичево.