Меџити ја искритикува злоупотребата на видеото со Ахмети

Изет Меџити, еден од лидерите на фракционерската „огнена група“ во ДУИ, ја искритикува снимката на која лидерот партискиот лидер Али Ахмети пее во канцеларијата.
Според Меџити, тоа е обид за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем и е бесрамна злоупотреба на имиџот на Ахмети.
Според Меџити ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните.
Ваквото видео, дел од албанските медиуми го протолкуваа како одговор на Ахмети на „огнената група“ од партијата чии членови ден претходно од Студеничани му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“.
Првиот интегративец изминатиот викенд беше доста актуелен со видеото кое се споделува на социјалните мрежи, а на кое се гледа како пее додека е видно расположен во никотинското задоволство