Меџити, Дурмиши и Касами на саем на албанската гастрономија во Берлин


Претседателот на Движењето БЕСА, воедно и градоначалник на општина Тетово, Билал Касами, заедно со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, вицепремиерот Изет Меџити, претседателката на Косово, Вјоса Османи, филантропот Лазим Дестани и стотина успешни бизнисмени од земјата и странство учествуваа на свеченото отворање на најголемиот досега организиран саем од Албанците во странство во Берлин.

Глобалниот албански гастрономски фестивал (GAGF), под мотото „Каде традицијата се среќава со трговијата“, има за цел да ги обедини компаниите од секторот за градежништво, дизајн и декорација, секторот на синџирот на снабдување со храна и пијалаци, секторот за дигитални услуги и аутсорсинг, како и инвестицискиот сектор во туризмот, од Албанија, Косово, Северна Македонија и Црна Гора. Касами најави дека ќе се сретне со над 3000 учесници од албанската дијаспора во Европа и Америка, кои успешно се занимаваат со гастрономскиот сектор.