Медведев со закана: „Несреќи може да се случат и во европските нуклеарни централи“
Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН соопшти дека гранатирањето на Запорожје, најголемата европска нуклеарна централа, може да предизвика нуклеарна катастрофа. Киев и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повикаа на демилитаризирање на областа. Русија ја зазеде централата во Запорожје во март по инвазијата на Украина на 24 февруари, но локацијата сè уште ја управува нејзиниот украински персонал. Киев соопшти дека комплексот бил погоден пет пати во четвртокот, вклучително и во близина на местото каде што се чуваат радиоактивни материјали. Официјални претставници назначени од Русија изјавија дека Украина двапати ја гранатирала централата, објави руската државна новинска агенција ТАСС.