„Медена земја“ не направи горди во 2020 (видео)


Коронавирусот не успеа да ги порази убавите моменти на кои се израдувавме сите во 2020 година, а се однесуваа на културата. 

Се потсетуваме на успехот на филмот „Медена земја“ кој ги исцрта позитивните мигови од годината во заминување.

Македонскиот филм „Медена земја“ со две номинации за „Оскар“

Прекрасна вест одекна на почетокот на годината кога македонскиот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов напиша историја со две номинации за „Оскар“ за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Ова е првиот македонски филм со две номинации за „Оскар“

Иако екипата се врати во Скопје без златната статуетка, главната протагонистка во филмот, Атиџе Муратова, ги освои македонските срца, а кинематограферите Фејми Даут и Самир Љума успеаја да ја освојат една од најпрестижните кинематографски награди, American Society of Cinematography. „Медена земја“ во текот на целата година беше во фокусот на јавноста.