Мбапе заврши во болница, има акутен гастроентеритис


Килијан Мбапе (26) има акутен облик на гастроентеритис и е хоспитализиран за да се подложи на разни тестови и да добие соодветен третман. Мбапе почна да се чувствува лошо по тренингот во понеделник, 48 часа пред натпреварот против Ал Хилал, и оттогаш не само што не може да тренира, туку едвај ја напушта својата соба.

Со вода и овошје, Килијан е ограничен во својата хотелска соба од 16 јуни, целосно изолиран од своите соиграчи и без сила да функционира нормално. Иако тренерот Чаби Алонсо на прес-конференција еден ден пред натпреварот изјави дека ќе го чека Мбапе до последен момент, Французинот не можеше ниту да оди на стадионот со тимот за да го гледа натпреварот од трибините. Тој остана во хотелот.

Бидејќи неговата состојба не се подобрува како што се очекуваше, Реал Мадрид одлучи да го префрли во болница за поблизок медицински надзор, дополнителни тестови и посоодветен третман.

Во оваа ситуација, Мбапе е целосно отпишан за вториот натпревар од Светското клупско првенство против Пачука. Условите во кои се игра турнирот, со 35 степени и 70 проценти влажност, му го отежнуваат уште повеќе на Мбапе брзото враќање на тренинзите по закрепнувањето.

Оваа вест доаѓа на средина од Светското клупско првенство откако Реал вчера одигра 1-1 против Ал Хилал. Францускиот капитен не играше на тој натпревар, иако патуваше со тимот во САД. Пачука и Салцбург се исто така во групата. Во својата прва сезона во Реал, Мбапе постигна 43 гола на 56 натпревари и асистираше пет пати.