Мбапе стана најмладиот играч кој постигна 30 гола во една сезона во Лига 1


Франција– Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе постигна три гола синоќа во победата над Монако со 3:1 и испиша историја во францускиот фудбал. Тој стана најмладиот играч во Лига 1 со постигнато 30 гола во една сезона.

Дваесет годишниот фудбалер го помина Ерве Ревели, поранешниот напаѓач на Ница, Сен-Етјен и Шатору.

Покрај тоа, Мбапе го повтори рекордот на Тјери Анри како најпродуктивен француски фудбалер на крајот на една сезона.

Мбапе во тековната сезона настапи на 40 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, постигна 36 гола и забележа 17 асистенции. Во ПСЖ дојде од Монако летото 2018 година.