Мбапе си купи клуб – стана најмладиот сопственик во Европа


Килијан Мбапе (25) летово се пресели од ПСЖ во Реал Мадрид, но сепак ќе има една нога во Франција.

Како што пишува „Ле Паризиен“, Мбапе стана мнозински сопственик на познатиот француски клуб Каен, поранешен прволигаш кој денеска се натпреварува во втората лига.

Мбапе плати нешто помалку од 20 милиони евра за купување на 80 отсто од акциите во сопственост на Каен.

Пјер-Антон Каптон, чии права вредат 5 милиони евра, ќе остане малцински сопственик.

Она што е особено интересно е приказната дека Мбапе како момче требало да стане играч на Каен, откако клубот го видел неговиот потенцијал да стане голема ѕвезда.
Семејството гледаше на тоа како здрава и заштитена средина за Килијан, но договорот пропадна кога Каен испадна од Лига 1 во сезоната 2011/2012, кога Мбапе имаше 13 години.

Со овој деловен потфат, дваесет и петгодишниот Мбапе стана најмладиот сопственик на фудбалски клуб во Европа, откако таа „титула“ претходно ја имаше Сирил Луис-Драјфус, сопственикот на англискиот Сандерленд, кој има 27 години.

Мбапе, по стапките на Дејвид Бекам, се очекува да го именува Зијад Хамуд, актуелниот шеф на тимот за имиџ на неговиот бренд, за нов претседател, заедно со неговата мајка Фаиза Ламари.

Потсетуваме, Мбапе моментално се подготвува за новата сезона со Реал Мадрид, а во дресот на „кралскиот клуб“ ќе дебитира на 14 август во Суперкупот на Европа против Аталанта во Варшава.