Маж уби четири лица во Лос Анџелес


Еден 26-годишен маж од Лос Анџелес го убил својот татко, брат и уште две лица и бил уапсен после 12 часа потера.

Портпарол на локалната полиција го идентификува осомничениот како Џери Зарагоза.

Пукањето почнало во стан во кој осомничениот живеел со своите родители околу два часот после полноќ. Околу 45 минути потоа убил и познаничка на бензинска пумпа во северниот дел на Холивуд. Според некои медиуми, таа му била поранешна девојка.

Тој пукал и во работникот на пумпата кој во тешка состојба е пренесен во болница, а потоа и во човек кого се обидел да го ограби на банкомат.

Пред да биде уапсен, Зарагоза убил уште еден маж во автобус.