Масовно труење во Албанија: Измет од добиток завршил во резервоарот за вода


Повеќе од 500 граѓани побарале медицинска помош во градот Кроја во Албанија, поради бактерии кои завршиле во водата за пиење.

Ова го покажаа резултаттие од анализата на водата во овој град.

Бактериите, кои предизвикале повраќање и дијареа, во водата стигнале откако измет од добиток бил најден во резервоарот за питка вода, јави албанската телевизија „Топ чанел“.

Од неделата до средата, во болницата во Кроја, примени се 500 луѓе, а конечниот извештај се очекува откако ќе завршат аналаизите собрани од заболените граѓани.

Од вкупно 500 луѓе кои побарале лекарска помоп, во болница се 14 од заразените, соопшти министерството за здравство.

Албанските власти тврдат дека ситуацијата во Кроја е под контрола, но локалните медиуми потсетуваат дека ова не е прв случај на масовно труење со вода во овој град.