Масовни протести во Брисел – солзавец и водени топови


Стотици луѓе маршираа денеска во центарот на Брисел во знак на протест против ограничувачките мерки поради Ковид-19.

Белгиската полиција употреби и водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите.

Учесниците протестираа поради мерките кои се најавени од петокот, трета недела по ред, кога владата ги заостри ограничувањеата затоа што зголемениот број нови случаи го оптоварија задравствениот систем, па заболени од други болести не можат да добијат услуга. Оние кои имаат рак, не може да се лечат, пренесе АП.

Демонстрантите извикуваа: „Слобода!“, а на транспарентите пишуваше „Обединети за нашата слобода, права и нашите деца“, а се упатија кон седиштето на Европската унија.

Некои носеа транспаренти против задолжителната вакцинација.

Повеќето демонстранти мирно маршираа, а речиси се разотидоа кога околу 100 од нив налетаа на полицијата која ја блокираше зградата на ЕК.

По кус судр со полицијата, демонстрантите ги гаѓаа силите на редот со ѓубре и други предмети, меѓу кои и велосипед и палеа петарди и факели.

Полицијата употреби водени топови и испали солзавец.

Со оглед на тоа што Белгија се соочува со најголем пораст на новозаболени меѓу децата, белгискиот премиер Александар Де Кро, во петокот рече дека носењето маски ќе биде задолжително за сите деца од 6 години постари.

Досега таа беше задолжителна за деца над 10 години.

Основните училишта ќе бидат затворени за божичните и новогодишните празници една недела порано, а средните одат на хибриден режим, половина од дома, половина во училиште.

Собирање луѓе на затворено дозволено е само до 200, а владата претходно ги затвори ноќните клубови и нареди баровите и рестораните да се затворат до 23 часот.