Маскохоличарите да ги тргнат маските – за полесно да ги видат фактите


Пандемијата опадна, но не и подготвеноста на многу Американци да ги тргнат маските.  Целосно вакцинирани возрасни лица сè уште носат маски на нивните осамени прошетки на отворено, а властите спроведуваат задолжително носење маски на авиолетовите и за некои жители на градовите. Маскохоличарите  повикуваат на трајно носење маски во возовите, авионите и автобусите. Средношколците во Сиетл одржаа протести барајќи да се врати задолжителната маска, а психолозите сега се справуваат со вознемиреноста на децата кои не сакаат нивните соученици да им ги видат лицата. Тие страдаат од „зависност од маски“, како што оваа психолошка неволја се нарекува во Јапонија, каде што долгата традиција на носење маски за време на сезоната на грип направи некои поединци да се плашат да ги изложат своите лица во јавноста.

Тешко е да се надмине зависноста, според јапонските терапевти кои се специјализирани за лекување на оваа зависност- но постои сепак еден едноставен лек може да им помогне на некои маскохоличари. Тоа е графиконот што треба да го видат сите што сè уште носат маска и секој јавен функционер или новинар кој сè уште инсистира на тоа дека маската обезбедува „контрола на ширењето“ на корона вирусот.


Графиконот ги следи резултатите од природниот експеримент што се случи на национално ниво за време на пандемијата. Единаесет држави во САД никогаш не наложија маски, додека другите 39 држави го направија носењето маски задолжително. Таквата мерка вообичаено започна  на почетокот на пандемијата во 2020 година и останаа барем до летото 2021 година, со некои продолжување во 2022 година. Црната линија на графиконот ја покажува неделната стапка на случаи на ковид во сите држави со задолжително носење маска таа недела, додека портокаловата линија ја покажува стапката во сите држави без таква мерка.Како што можете да видите од сличните траектории на линиите, задолжително носење маска тешко го контролираа вирусот.

До периодот кога беше воведено задолжително носење маска во Њујорк и другите држави во пролетта 2020 година (на левата страна на графиконот), инфекциите веќе се намалуваа во тие држави, а маските не спречија пораст подоцна истата година. кога случаите растеа и паѓаа во речиси идентични траектории, без оглед на политиките околу маски на државите. Во втората година од пандемијата беа забележани мали отстапувања во двете насоки, но тие ја рефлектираа сезонската состојба на вирусот и географијата,  бидејќи маските станаа  почести во северните држави. Случаите со инфекции  беа побројни во државите без задолжително носење маска минатото лето, но како резултат на сезонскиот наплив на вирусот што ги погоди непропорционално републиканските држави, но тие држави  имаа помалку случаи во текот на зимата, кога сезонскиот наплив на вирусот го погоди северот, иако таму се носеа задолжително маски. 

Ако ги соберете сите бројки на тие две линии, ќе откриете дека задолжително носење маски  направи – нула разлика. Кумулативната стапка на инфекција во текот на пандемијата беше околу 24 проценти во државите со задолжително носење маска, како и во државите во кои не беше така. Нивните кумулативни стапки на смртност од ковид исто така беа практично идентични (всушност, имаше малку повеќе смртни случаи по глава на жител во државите со задолжително носење маска).

Ако ова не ве убеди да ја симнете маската, можете да најдете многу повеќе причини во книгата на Иан Милер, аналитичарот на податоци кој го создаде графикот за Сити Журнал. Милер ги следеше пандемските трендови за Институтот Браунстоун и ги објави доказите во „Откриени: Глобалниот неуспех на задолжително носење маски за ковид“.

Во стратегиите за ковид пред пандемија, ниту Центрите за контрола на болести, ниту Светската здравствена организација не препорачаа маски на јавноста – со добра причина. Рандомизираните клинички испитувања кои вклучуваат вируси на грип покажаа, спротивно на популарната практика во Јапонија и другите азиски земји, дека „нема докази дека маските за лице се ефикасни во намалувањето на преносот“, како што СЗО ја сумираше научната литература. Планерите на пандемијата во Министерството за здравство на Обединетото Кралство дојдоа до сличен заклучок: „Во согласност со научните докази, владата нема да складира маски за лице за општа употреба“. Ентони Фаучи ги призна овие докази на почетокот на пандемијата и во неговите јавни коментари. „Нема причина да се шетате со маски“, рече тој, објаснувајќи дека маските се премногу порозни за да го блокираат малиот вирус ковид.

Но, тогаш Фаучи, какои другите, се приклонија на политичката експедитивност и медиумската хистерија. Задолжителните маски даваа илузија дека се прави нешто против вирусот. Кога се смири почетниот пролетен бран во 2020 година, јавните службеници и новинарите тврдеа дека манските функционирале и продолжија да го тврдат тоа и откако повторно се зголеми бројот на заразени подоцна истата година, и покрај континуираното задолжително носење маски. За повторното оживување на вирусот се обвинија луѓето кои не ги почитуваат мерките,  без разлика што истражувањата покажуваат широко распространета усогласеност.

Овој модел на магично размислување опстојуваше во текот на пандемијата, иако  Милер демонстрира со десетици графикони дека тоа е спротивно на суровата реалност. Повторно и повторно, новинарите и службениците во јавното здравство ќе посочуваат  држава или нација што наводно го скротила ковид со тоа што ги принудувала граѓаните да носат маски – но веднаш потоа овие маски не успеваа да спречат невиден бран инфекции.

Во летото 2020 година, „Политико“ ја пофали политиката на Род Ајленд „Носете ја проклета маска“ во написот со наслов „Како најмалата држава се справи со враќањето на ковид“. Есенското истражување покажа дека 96 отсто од жителите на Род Ајленд носеле маски, што е највисока стапка во САД, но таа зима државата претрпе еден од најлошите бранови на ковид во државата. Така направи и Ново Мексико, чиј наплив на инфекции започна набргу откако Scientific American ги пофали строгите политики на државата за маски во написот со наслов „Како Ново Мексико го контролира ширењето на Ковид-19“.

Во меѓувреме, омилените експерти на медиумите постојано предвидуваа пропаст за државите кои никогаш не наложија маски, како Флорида, или кои завршија со маските на почетокот на 2021 година, како Ајова, чија промена на политиката беше осудена како „непромислена и заблуда“ во напис на „Вашингтон пост“ со наслов: „ Добредојдовте во Ајова, држава на која не и е грижа дали ќе живеете или ќе умрете“. Бројот на загинати од ковид во Ајова опадна веднаш по појавувањето на статијата. Во текот на пандемијата и Ајова и Флорида постигнаа подобри резултати од националниот просек во мерките за смртност од ковид, како и вкупната вишок смртност (бројот на смртни случаи повеќе од нормално од сите причини).

Наместо внимателно да ги анализира ефектите на маските, ЦДЦ (Центарот за контрола на болести) постојано се обидуваше да ги оправда со погрешно претставување на краткорочните трендови  со користење на истражувањата со многу недостатоци, како што се студиите во Аризона и Канзас кои наводно покажуваат дека инфекциите биле драматично намалени со наметнатите маски во некои окрузи. Но, во сите држави, како што покажа Милер, стапките на инфекција беа пониски во окрузите кои не наложуваа маски.

ЦДЦ се соочи со одредени критики за својата  наука за маските, особено за нејзините лажни тврдења за придобивките од носењето маски од страна на  учениците, но печатот  го промовираше сепак нејзиниот наратив. Малку внимание беше посветено на поригорозните истражувања  кои открија мала или никаква корист од маските, или студијата која ги спореди стапките на инфекција  со стапките на употреба на маски во сите 50 држави во текот на првата година од пандемијата. Студијата заклучи дека „ употребата на маските не е поврзана со побавно ширење на „Ковид-19“ на државно ниво.

Сепак, наративот на медиумите за маските се прошири низ целиот свет. „Ковид-19 ја празнеше Индија, додека скоро сите не почнаа да носат маски“, беше насловот на „Волстрит журнал“ на крајот на 2020 година, но тогаш стапката на инфекција во Индија беше  четири пати повисока од претходниот врв. „Чешка има спасувачка лекција за Ковид -19 за Америка: Носете маска за лице“, објави USA Today на почетокот на пандемијата, но оттогаш бројот на умрени во Чешка е еден од најголемите во светот. Тајланд, Јапонија, Тајван, Хонг Конг, Филипините, Уругвај, Чиле, Полска и Унгарија беа поздравени како модели на научно просветлување поради нивната ниска стапка на инфекција и строгите политики за маски – сè додека, како и обично, маските наеднаш не ја изгубија својата магична моќ .

Строгите политики на Германија ја направија редовна медиумска звезда. CNBC го нарече раниот одговор на нацијата на ковид епидемијата  „мајсторска класа во научната комуникација“, а минатата есен беше пофалена за заострувањето на правилата за задолжително носење маски  во написот на Атлантик – „Четирите мерки што и помагаат на Германија да го победи ковид“. Нејзините построги правила на почетокот на минатата година ги протераа платнените маски, барајќи хируршки маски наместо тоа, а државите Берлин и Баварија отидоа уште подалеку, барајќи маски со квалитет N95. Но, како што покажува Милер во својата книга, овие мерки не направија забележлива разлика. Хируршките маски не го спречија последователниот наплив низ целата земја, а стапките на инфекција во Баварија и Берлин беа исти како и во германските покраини без условот N95.

Ако сè уште не сте убедени да ја извадите маската, размислете за уште еден графикон на Милер. Таа ја споредува Германија со Шведска, медиумскиот негативец околу ковид, поради тоа што одбива да ги наложи маските. Почетниот пораст на ковид во Шведска беше објаснет со тие  лабави политики, но Шведска се држеше до нив и всушност ги обесхрабруваше маските во повеќето ситуации. Како што е наведено на графиконот, истражувањата за време на пандемијата покажаа дека помалку од 10 проценти од Швеѓаните се мачеле да носат маски. Спротивно на тоа, во Германија, повеќе од 80 отсто го сториле тоа, но погледнете ги сличните траектории на дневниот број на смртни случаи од ковид во двете земји од летото 2020 година до март оваа година.

Маските во Германија очигледно не го „победија ковид“. Од почетокот на пандемијата до оваа пролет, кумулативната стапка на смртност од ковид е малку повисока во Шведска отколку во Германија (за околу 15 проценти), но стапката на вкупната прекумерна смртност е малку повисока во Германија (за околу 8 проценти ). Исто како и во САД,  маските во Германија не донесоа нето придобивки, туку многу непријатности, како и целосна штета. Прикривањето може да им даде на маскохоличарите лажно чувство на сигурност – но тие би можеле полесно да дишат ако само се соочат со фактите. (Сити Џурнал)