Маск се огласи и ги шокираше сите: Зошто никој не се обидува да го убие Бајден?


Елон Маск го привлече вниманието на „отсуството“ на какви било обиди за убиство на американскиот претседател Џозеф Бајден или Камала Харис, додека претседателскиот кандидат на Републиканската партија и поранешен претседател Доналд Трамп веќе двапати беше мета на атентати.

„Никој не се обидува да го убие Бајден или Камала. Зошто сакаат да го убијат Доналд Трамп?“, напиша Маск на „Икс“.

Федералното биро за истраги синоќа соопшти дека го истражува пукањето во близина на теренот за голф на Трамп на Флорида и дека случајот се третира како обид за убиство на поранешниот претседател.

Американската тајна служба потврди дека нејзин агент отворил оган врз вооружен маж на терен за голф.