Маск почнува да му пречи на тимот на Трамп, се однесувал како копретседател
Технолошкиот милијардер Илон Маск постигна голема победа кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп објави дека извршниот директор на Tesla и SpaceX ќе го води новиот „Оддел за владина ефикасност“ со Вивек Рамасвами.Најавата ја засилува блискоста што Маск успеа да ја постигне со Трамп, дури и по изборите. Но, за некои луѓе во орбитата на Трамп, присуството на Маск се чувствува препотентно.
Маск беше толку агресивен во туркањето на своите ставови за вториот мандат на Трамп што стапнува на прсти на транзицискиот тим на Трамп и можеби го надминува добредојдето во Мар-а-Лаго, домот на Трамп во Палм Бич, Флорида, велат две лица запознаени со транзицијата.
Изворите рекоа дека речиси постојаното присуство на Маск во Мар-а-Лаго од денот на изборите почнало да им смета на луѓето кои биле во потесниот круг на Трамп подолго од него и кои сметаат дека тој ја надминува својата улога во транзицијата.
„Тој се однесува како да е копретседател и се труди сите да го знаат тоа“, рече еден од луѓето.
„ Тој сигурно има многу заслуги за победата на претседателот со фалењето преку X и со активностите со неговиот Политички акциски комоутет (лоби група во изборната кампања). Тој се обидува да го натера претседателот Трамп да се чувствува должен кон него. А, претседателот никому не е должен“, додаде оваа личност.
Маск не одговори веднаш на барањето за коментар во вторникот.
Во соопштението, портпаролката на транзицијата , Каролина Ливит, рече: „Илон Маск и претседателот Трамп се одлични пријатели и брилијантни лидери кои работат заедно за да ја направат Америка повторно голема. Илон Маск е бизнис лидер што се среќава еднаш во генерација и нашата федерална бирократија сигурно ќе има корист од неговите идеи и ефикасност“.
Во друга изјава, посебната портпаролка на тимот Трамп-Венс, Ана Кели, рече: „Илон Маск е гениј, иноватор и буквално влезе во историјата со градење креативни, модерни и ефикасни системи. Илон Маск се посвети на иднината на Америка нудејќи се да му служи на претседателот Трамп за да се осигураме дека нашата влада работи поефикасно и ефективно ги користи доларите на американските даночни обврзници“.
Маск отпатувал во Мар-а-Лаго за да ги следи резултатите од изборите и бил таму голем дел од изминатата недела, велат двата извори. Тие рекоа дека тој е таму во секое време, седи со Трамп и се придружува на повици и состаноци. Маск беше вклучен во чувствителни разговори, дури и пред да биде објавена неговата улога во администрацијата, вклучително и тоа што накратко се приклучи на телефонскиот разговор минатата недела меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Второто лице рече дека Маск има „мислење за и за сè“ и дека ги споделува толку силно што почнал да ги мачи инсајдерите на Трамп.
„Тој сака да го гледаат како некој што има право на збор за сè (дури и ако нема)“, рече овој извор.