Маск нуди 100 милиони долари за најдобрата технологија за „ловење“ јаглерод


 

Шефот на Тесла МОторс, претприемачот Елон Маск, на Твитер вети 100 милиони долари награда за равој на технологија за фаќање емисии на јаглерод диоксид.

„Донирам 100 милиони долари награда за најдобрата технологија за фаќање јаглерод“, напиша Маск, по што следуваше втор твит во кој вети повеќе детали следната недела.

Соосновачот на Пејпал, која ја продаде, Маск, денеска води некои од најфутуристичките компании на светот. Освен Тесла, на чело е и на компаниите Сејс икс и Неуролинк, страртап кој се занимава со поврзување на мозокот со комјутер.

Собирањето на емисиите на јаглерод диоксид кои ја загреваат планетата станува критичен дел од многу планови во борбата против климатските проблеми. но до денес е постигнат многу мал напредок во технологијата, со напорите насочени кон намалување на емисиите, а не на отстранување на јаглеродото од воздухот.

Меѓународната агенција за енергија порача кон крајот на минатата година дека е потребен пораст во примената на технологиите за фаќање на јаглеродот ако земјите сакаат да постигнат нула емисии на штетни гасови.

Американскиот претседател Џо Бајден вети забрзан развој на технологија за собирање на јаглеродот како дел од својат гломазен план за борба против климатските промени.