Маск: Ако ОН објасни како 2% од моите пари може да го решат проблемот со глад во светот, ќе го направам тоа

Елон Маск вели дека ќе ги продаде сите акции на „Тесла“ веднаш и ќе го реши проблемот со глад во светот ако некој тоа од Светската програма за храна на Обединетите нации му објасни како може да се направи со шест милијарди долари.
Ова е одговорот на Маск на твитот на д-р Елија Дејвид, водечки стручњак за вештачка интелигенција, кој објави дека 2 отсто од целото богатство на Маск изнесува шест милијарди долари, додека Светската програма за храна на ОН собра 8,4 милијарди долари. Постави прашање како тоа не го реши прашањето на глад во светот.
Маск, само неколку минути подоца твитна и рече дека објаснувањето на ОН, односно финансискиот план мора да биде транспарентен за јавноста да види точно каде и како парите се потрошени.
Пред четири дена, шефот на Светската програма за храна на ОН изјави дека „мала група многу богати поединци може да помогнат во решавање на проблемот со глад во светот со само мал дел од нивното богатство“.
„Милијардерите треба еднократно да скокнат на помош“, рече Дејвид Баслеј за Си-ен-ен, наведувајќи ги посебно двајцата најбогати на светот, Џеф Безос и Елон Маск.
„Шест милијарди долари помош за 42 милиони луѓе кои буквално ќе умрат од глад ако не им помогнеме. Не е комплицирано“, додаде тој.
Директорот на „Тесла“ Маск поседува богатство вредно 289 милијарди долари, според „Блумберг“, што значи дека Баслеј бара само два отсто од неговиот имот. Богатството на американските милијардери речиси двојно се зголеми од почетокот на пандемијата и сега изнесува 5,04 билиони.