Масакр во Кина: Студент уби осум и рани 17 луѓе (ВИДЕО)
Масакр се случи велерва во Кина каде што студент уби најмалку осум луѓе, а 17 рани во напад со нож во источниот кинески град Вукси, соопшти локалната полиција.
Инцидентот се случил во стручниот институт во провинцијата Џиангсу, а полицијата го уапсила осомничениот на местото на нападот.
Според полицијата, нападот го извршил 21-годишен поранешен студент кој требало да дипломира оваа година. Осомничениот признал дека станал гневен откако паднал на испитите и се вратил на училиште „да го изрази својот гнев и да ги изврши овие убиства“.
11月16日,江苏无锡。无锡工艺学院发生无差别持刀伤人事件,多人倒地不起。
网传行凶者因被工厂拖欠工资,并且每天上班16个小时。此外学校还不给他发毕业证导致无法毕业。
行凶者表示“我希望我的死可以推动劳动法进步”“别以为我是老实人,有些账总是要清算的”
知情者:“已经抢救了,太多人了” pic.twitter.com/7FW8pQ0AFz— 李老师不是你老师 (@whyyoutouzhele) November 16, 2024
На Кина не и се непознати насилните напади со нож, бидејќи огненото оружје останува строго контролирано. Земјата забележа серија инциденти со прободување во последниве недели – при што загинаа речиси десетина луѓе.
Во октомври, маж уби три лица и рани 15 други во напад со нож во супермаркет во Шангај. Еден месец претходно, јапонски ученик беше смртно избоден со нож во јужниот град Шенжен во близина на Хонг Конг. Еден 62-годишен маж, исто така, уби 35 луѓе и рани повеќе од 40 други претходно оваа недела додека удри со џип во толпа во јужниот град Жухаи.