Масакр во геј клуб во САД: Најмалку пет лица загинаа, 18 се повредени
Најмалку пет лица загинаа, а 18 други се повредени откако вооружен маж отворил оган во геј клуб во Колорадо Спрингс. Клубот Кју, каде што се случи инцидентот, се рекламира како „ноќен клуб ориентиран кон хомосексуалци и возрасни. Во него се одржуваат тематски вечери со караоке и диџеи.
„Напаѓачот е уапсен. Тој е во притвор и е повреден“,потврди началникот на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Кастро. Мотивот за нападот се уште не е познат.
Нападот го објавија и на Фејсбук страницата на клубот.
„Ние сме тажни поради овој напад врз нашата заедница. Нашите молитви и мисли се со сите жртви и нивните семејства и пријатели. Благодарни сме за брзите реакции на нашите посетители кои го покорија напаѓачот и ставија крај на овој напад со омраза“,напишаа тие.