Масакр во Цетиње: Mаж уби повеќе лица
Mасакр се случи денеска во црногорскиот град Цетиње, каде загинаа најмалку седум лица, јавија локалните медиуми. Станува збор за семеен конфликт, при што напаѓачот е убиен, а меѓу ранетите има и деца и полицајци.
Како што пишува црногорски „Дан“, не станува збор за конфликт меѓу криминални кланови, а лицето кое пукало во цивилите и полицајците е убиено. Напаѓачот не дозволил итните служби да им помогнат на повредените. РТЦГ јавува дека загинале најмалку седум лица. Тешко повредените се пренесени во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Засега не е познат идентитетот на лицата, а Радио Цетиње јавува дека полицаец е ранет во главата.