Мартенс: Бугарија прави се да ја изгуби Македонија како пријател


Михаел Мартенс, авторот на интервјуто со бугарскиот премиер Бојко Борисов за германски Франкфуртер Алгемајне Цајтунт (ФАЦ), на својот Твитер профил напиша
дека Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците.

„Со мудрата политика од 1991 година, Бугарија беше во најдобра позиција да ги направи Македонија и Македонците најблиски соседи и пријатели. Наместо тоа, Бугарија сега прави сѐ за да се оттуѓи од својот потенцијален сојузник со покровителството и понижувањето. Тоа е сигурен пат да ги загуби пријателите“, напиша Мартенс, кој е долгогодишен дописник од регионот за германски весник ФАЦ.