Марта Кос денес ќе има средба со Радев

Еврокомесарката за проширува Марта Кос денеска престојува во Софија, каде ќе има средби со највисоките бугарски политички претставници, а ќе учествува и на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“.
Како што соопшти Европската комисија, Кос ќе се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Росен Жељазков и со министерот за надворешни работи Георг Георгиев.
Својата посетата на Софија, Кос ја потврди и во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од кој дел е и МИА, најавувајќи дека една од темите на разговори со нејзините домаќини ќе бидат и можностите за деблокада на пристапниот процес на земјава.
Кос во интервјуто нагласи дека ЕК работи на тоа да и помогне на Македонија да ги започне преговорите по кластери и дека таа лично е ангажирана околу билатералното прашање со Бугарија, па во тие рамки ќе отпатува за Софија „на средби со бугарските политичари, а потоа ќе контактира и со политичарите во земјава“.
На Форумот „ЕУ се среќава со Балканот“, покрај тоа што ќе има свое обраќање, Кос ќе има и панел дискусија со претседателот на Центарот за либерални стратегии од Софија, Иван Крастев.