Марта Кос ѝ вети на Украина дека ќе ја внесе во ЕУ


 

Марта Кос, еврокомесарката за проширување, вети дека Украина ќе добие членство во ЕУ.

„Ветувам дека ќе ја внесам вашата земја, Украина, во Европската унија“, рече Кос на церемонијата во чест на градоначалникот на Киев Виталиј Кличко вчера во Брисел.

На Кличко му беше врачена наградата на „Градоначалник Павел Адамович“, награда што ја доделува Европскиот комитет на регионите за промовирање на „слободата, солидарноста и еднаквоста“.

„Украина никогаш не била агресивна кон никого“, рече Кличко на церемонијата. „Без ваша помош не можеме да преживееме. Членството во ЕУ беше „наш сон“, рече Кличко, заблагодарувајќи ѝ се на Кос за нејзиното ветување.

Клично изјави и дека одржувањето претседателски избори, како што бара американскиот претседател Доналд Трамп, би било „отров“ за Украина додека војната сѐ уште трае.

„Во оваа тешка ситуација, изборната кампања може да ја уништи земјата одвнатре“, рече тој, додавајќи дека тоа ќе ја направи Украина „послаба“.

Запрашан за изјавата на Трамп дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече „диктатор без избори“, Кличко ги посочи 10-те милиони Украинци кои живеат надвор од земјата, луѓето кои се раселени и тековната војна. „Секој ден ги губиме нашите херои, нашите војници и губиме дел од нашата територија“, рече тој.

„Кога мирот ќе се врати во Украина, следниот чекор, логично, ќе бидат избори“, рече Кличко.