„Марш за ангелите“ во Кочани: Имавме трошка надеж за правда, но со поднесениот обвинителен акт целосно ја изгубивме
Денешниот „Марш на ангелите“, кој е 25 по ред, е прв откако Кривичниот суд во целост го прифати обвинението за пожарот во кочанската дискотека

И оваа сабота, родителите и блиските на жртвите во пожарот во кочанската дискотека Пулс излегоа на улица, на 25. по ред „Марш за ангелите“, барајќи правда за своите трагично загинати најблиски. Овој протест е прв откако Кривичниот суд во целост го прифати обвинението за пожарот во кочанската дискотека.
Од протестот беа упатени силни пораки до Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, но и до највисоките функционери во државата.
Пред Судот во Кочани, тие побараа од државниот јавен обвинител Коцевски презентирање на сите докази, како и одговорност за пропустите во обвинителниот акт и проширување на обвинението и кон другите вмешани лица и преиспитување на мерките за домашен притвор кон дел од осомничените.
Обраќајки се до Јавниот обвинител, жената која ја прочита пораката, рече дека на средбата во Кочани на 19 јуни имале трошка надеж дека конечно ќе ја видат правдата.
„За жал, со вашите постапки и со поднесениот обвинителен акт таа надеж целосно ја изгубивме. Наместо вистина и целосна одговорност, сведоци сме на пропусти и прикривања“, порачаа блиските на загинатите во катастрофалниот пожар.
Тие пораќаа дека родителите се принудени сами да го анализираат обвинителниот акт во детали и да укажуваат на грешките во него.
Тоа, според нив, претставува јасден доказ дека правдата не е на страната на жртвите туку на страната на виновниците.
„Особено е поразително што дел од осомничените се со мерки на претпазливост. Секојдневно сме приморани да ги гледаме како се движат слободно низ нашиот град, низ нашите маала, како да не се случило ништо. Тие лица си ја купија својата слобода со пари, живеат без никакво ограничување, додека ние жртвите сме осудени на доживотна болка и загуба“, се вели во пораката која беше прочитана пред кочќанскиот суд.
„Прашуваме што ќе биде со тие лица, дали правадата важи само за оние кои немаат пари и врски и дали ние треба да платиме за да ни се вратат нашите деца и која е цената на нашите деца. Ова е навреда за правдата и за целиот правен систем“, се вели во порака.
Учесниците на протестот порачаа и дека должност на Јавниот обвинител е да обезбеди еднаков третпман пред законот, а не да создава систем во кој богатите и влијателните се неприкосновени.
„Свесни сме дека постојат уште докази против дуги лица кои намерно не ги изнесувате со што не само што ја нарушувате правдата туку и стиорувате кривично дело“, му поирачаа тие на обвинтелот Коцевски, посочувајќи дека се сомневаат дека неговата постапка е резултат на силен политички или друг вид протисок од лица кои стојат зад овој случај.
„Но, колку и да се обидувате да ги сокриете, вистината ќе излезе на виделина“, порачаа тие.
Од денешниот „Марш на ангелите“ беше побарано целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, проширување на обвининеието и кон другите вмешани лица, итно преиспитување на решението за домашен протитвор и обезбедување еднаков третман за сите осомничени.