Марјана Станојковска и Ирена Спировска, водителки на „Охрид фест“ кој почнува утре

Манекенката Марјана Станојковска ќе биде водителка на Интернационалната вечер на фестивалот Охрид фест- Охридски трубадури, а тв-водителката Ирена Спировска ќе ја води фолк вечерта.
Фестивалот започнува со фолк вечерта на 29 август, на сцената на „Долни Сарај“ од 20.30 часот, а Интернационалната вечер е на 30 август од 20.30. ТВ „Алфа“ ќе врши директен пренос од фестивалот.
Горан Тодоровски, Мишко Крстевски, Благица Павловска , група „Чардак“ , Кирил Белистојановски, Петар Нечовски, Драган Николовски, Нино Величковски, Милован Секуловски, Лазе Јанкуловски, Софија Пуровска и Ивана Серафимовска се дел од учесниците на фолк вечерта, а како ревијални гости настапуваат Сузана Спасовска и Благоја Грујовски, најави уметничкиот директор на фолк вечерта Љупчо Соколовски.
Агни Авшар, Горан Наумовски, Тамара Волческа, Ана Петановска во дует со Дадо Топиќ и Оливер Мандиќ кој ќе добие награда за безвременски хит за песната „Питају ме питају“ се дел од Интернационалната вечер. Менаџерот Рака Мариќ од Сараево кој организирал концерти на најголемите светски ѕвезди ќе добие награда за особен менаџерски придонес во популарната музика.
„Фестивалот традиционално ќе почне со видеоразгледница за Охрид која ја гледаат повеќе Балкански земји и тоа ми е особено драго, како роден охриѓанец“, вели уметничкиот директор на Охрид фест, Григор Копров.