Маричиќ не гледа проблем што Груби стана координатор за коридорите


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, не е зачуден што неговиот колега Артан Груби доби  функција координатор на Коридор 8. Според Маричиќ, има многу работа во проектот, а Груби може да помогне. За сомнежите за коруптивни дејствија, Маричиќ посочи дека за тоа треба да се изјаснат  Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија.

„Тоа што владата одлучи дека Груби да биде координатор на овие активности, значи дека има потреба од посилна координација, затоа што има надлежности кои припаѓаат на Министерството за транспорт и врски и тие се бројни и никој не ги одзима. Напроти, ќе ги спроведува Министерството за транспорт и врски. Но, има многу процедури и акции кои треба да се преземат во однос на меѓусебна комуникација на институциите, дозволи, процес на експропријација, има многу работа во тој проект. И затоа еден од вицепремиерите е задолжен да го следи спроведувањето и да биде еден вид на надзор и поддршка на тој процес. Не е првпат ниту е нешто чудно“, кажа Маричиќ.

Тој додаде дека Груби  вклучил екстра напор за спроведување на проектот.

„Коридорот 8 е најважниот проект на оваа влада. Затоа мислам дека треба сите членови на Владата да бидат  вклучени. За тоа што го споменавте, треба да кажат. За владата ова е најважниот инфраструктурен проект“, кажа Маричиќ.