Маричиќ и Гир ќе го презентират проектот  „Поддршка на процесот за реформа на правосудството“


Фото: Б. Грданоски

Министерот за правда Бојан Маричиќ и амбасадорот и шеф на делегацијата н ЕУ во земјава Дејвид Гир денеска ќе одржат онлајн презентација на проектот „Поддршка на процесот за реформа на правосудството“.

Прес-конференцијата ќе може да се проследи преку платформата zoom.

Воедно, ова е прва конференција на министерот Маричиќ во новата година, од кога лани заедно со претседателот на Судскиот совет Киро Здравев и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, ја презентира Методологијата за филтрација на судиите и јавните обвинители.