Маргрет Вестагер: Европа беше „алчна“, а не „наивна“ околу рускиот гас


 

Европејците се покажаа како „алчни“ наместо „наивни“, потпирајќи се во голема мера на снабдувањето со енергија од Русија. Ова во средата во интервју за неколку европски медиуми го изјави еврокомесарката за конкуренција Маргрет Вестагер, цитирана од АФП.

„Не бевме наивни, туку алчни. Нашата индустрија во голема мера е изградена околу руската енергија, најмногу поради фактот што не е скапа“, рече Вестагер, која е и потпретседател на Европската комисија во интервјуто објавено во Франција од весникот „Лез еко“.

Вестагер додаде дека однесувањето на Европејците е исто со Кина за многу производи или со Тајван за чиповите, бидејќи тие се бараат пониски производни цени.

Сепак, постои премија за ризик – зависноста што ја плаќаме денес со последиците од војната во Украина, рече еврокомесарот, која смета дека треба да се плати премија за безбедност, особено потпирајќи се на течен природен гас. Тоа е поскапо, но може да донесе стабилност и предвидливост што ќе доведе до инвестиции, вели еврокомесарот за конкуренција.

Што се однесува до воведувањето европско ембарго на руската нафта, кое во моментов е блокирано од Унгарија, Вестагер изрази уверување дека ќе се постигне договор. Сепак, таа додаде дека Брисел не може да ги напушти земјите кои се најзависни од руската нафта и мора да им обезбеди залихи.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја потврди својата увереност дека ќе биде постигнат договор за ембарго на ЕУ за руската нафта до почетокот на самитот, и покрај блокадата од Унгарија.

Потребен е сериозен дијалог, многу културни напори. Работиме напорно за да можеме да останеме обединети, но и да донесеме одлуки за запирање на руската воена машина, изјави шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Германија и Франција вчера уверија дека блокирањето на шестиот пакет санкции од Будимпешта сепак може да се надмине во наредните денови, што е во спротивност со тврдењата на унгарскиот премиер, кој смета дека е малку веројатен договор.

Јас сум реалист, знам дека има потешкотии, рече Мишел, нагласувајќи дека ќе даде се од себе да предложи можни решенија пред вонредниот состанок на 27-те земји-членки во Брисел.