Марго како Хурем, Лео како султан: „Сулејман Величествениот“ замислен со холивудски актери


Профилот на Инстаграм Tatsiz Fotolar споделил интересни фотографии создадени со помош на вештачка интелигенција, на кои се гледа како би изгледале холивудските актери кога би играле улоги во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“.

На фотографиите е Марго Роби во улогата на Хурем, додека Леонардо ди Каприо го игра султанот Сулејман. Според фотографиите Тимоти Шаламе би го играл ликот на принцот Мустафа, а „Суперменот“ Хенри Кавил е претставен како Ибрахим Паша. Мерил Стрип би ја презела улогата на мајка на султанот, додека на една од фотографиите е Роберт Патинсон како принцот Селим.

 

Актерката Ева Грин ја толкува улогата на Султана Махидевран, а Ен Хатавеј во улогата на Нигар Калфе.

„Сулејман Величествениот“ е една од најпопуларните и најуспешните турски серии, а се гледаше низ целиот свет.

Главните улоги ги толкуваа Мерјем Узерли како Хурем и Халит Ергенч како султан Сулејман.
Во Турција, првата епизода беше прикажана во јануари 2011 година, додека последната епизода беше емитувана во 2014 година. Беше емитувана и во Македонија каде што уживаше голема популарност.  Во улогата на Афифе Хатун глумеше и нашата позната актерка Сабина Ајрула-Тозија, која последните години пред смртта, во 2021 година, беше ангажирана во турската филмска индустрија.

Турција е трета филмска индустрија по големина во светот, по Холивуд и Боливуд.