Мараја Кери потврди дека нејзината мајка Патриша и сестра ѝ Алисон починале на ист ден


Мајката и сестрата на Мараја Кери починале во ист ден изминатиот викенд, објави американската поп-ѕвезда.

„Срцето ми е скршено зашто ја изгубив мајка ми овој викенд. За жал, во трагичен развој на настаните, и мојата сестра почина истиот ден“, кажа Кери, без да ги наведе причините за смртта.

Со мајка си, Патриша Кери имале комплициран однос

 

Патриша Кери (87) беше поранешна оперска пејачка и гласовен тренер од ирско-американско потекло. Во своите мемоари од 2020, Мараја Кери изнесе детали за комплицираниот однос со мајка ѝ, велејќи дека тоа ѝ предизвикало многу болка и конфузија. Таа кажа дека помеѓу нив имало натпревар и професионална љубомора, но исто така никогаш не криеше дека мајка ѝ била таа која ја вовела во светот на музиката.

Кери исто така имала сложен однос со сестра ѝ Алисон, која почина на 63 години. Во истата книга, Кери напиша дека била оттуѓена од Алисон и нивниот брат Морган, велејќи дека било емотивно и физички подобро за неа да нема контакт со нив. Алисон ја тужеше Кери по излегувањето на мемоарите и бараше обесштетување од 1,2 милиони долари.

 

Нивниот татко Алфред почина во 2002 на 72 години.