МАНУ избра нови членови, еве кои се
На Изборното собрание беа избрани 2 редовни членови, 8 дописни членови, 4 членови надвор од работниот состав и 2 почесни членови
На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите што се одржа на 7.11.2025 година во МАНУ беа избрани 2 редовни членови, 8 дописни членови, 4 членови надвор од работниот состав и 2 почесни членови.
За редовни членови на МАНУ беа избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев.
За дописни членови беа избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени
науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за
технички науки, проф. д-р Александар Узунов во Одделението за природно-математички и
биотехнички науки, проф. Жарко Башески, проф. Невзат Бејтули, проф. д-р Драган
Даутовски и проф. д-р Ивица (Иван) Џепаровски во Одделението за уметност.
За членови надвор од работниот состав беа избрани проф. д-р Стојко Стојков од
Одделението за општествени науки, проф. д-р Светлана Мојсов од Одделението за
медицински науки, проф. д-р Гордан Караман од Одделението за природно-математички и
биотехнички науки и проф. д-р Сибила Петлевски од Одделението за уметност.
За почесни членови на МАНУ беа избрани проф. д-р Трајче Стафилов во Одделението за
природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Владо Поповски во Одделението
за општествени науки.
Академијата и раководството изразуваат големо задоволство од квалитетот на
новоизбраните членови и им посакуваат продолжување на успешната работа во насока на
унапредување на науките и уметностите. Со нивниот избор се зајакнува работниот карактер
на Академијата, како и капацитетот на МАНУ да придонесе кон дефинирање на стратешките
насоки за развојот на државата.
Со успешното завршување на 21-то Изборно собрание на МАНУ се заокружува изборниот
процес што започна на почетокот од оваа година, што сведочи за вниманието и сериозноста
со кои се пристапува кон изборите на нови членови во највисоката научна институција во
нашата држава.