Манифестација „Денови на македонски мед“ во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Од денеска до недела на улица „Македонија“ во центарот на Скопје ќе се одржува 21. манифестација „Денови на македонскиот мед“. 

Организатор на манифестацијата е Пчеларското здружение „Матица“ – Скопје. Посетителите ќе можат да купат различни видови мед од цела Македонија и останати пчелни производи.

– Повелете дојдете и одберете го својот пчелар и својот мед, наведуваат од Пчеларското здружение „Матица“ – Скопје.