Манекенка од Крива Паланка избрана за Кралица на Европа


Македонскиот модел Јулијана Ѓорѓиевска ја освои титулата Кралица на Европа на изборот за убавина Кралица на Евроазија, што се одржа во Анталија, Турција. Ѓорѓиевска има 26 години и е од Крива Паланка. Ја освои титулата во конкуренција на 30 девојки од 30 земји од Европа и Азија.

 

Во театарот во Анталија, каде што се одржа изборот, титулата Кралица на Азија ја освои претставничката на Египет, а вкупната победничка доаѓа од Русија.

„Горда сум што ја претставував Македонија на овој избор за убавина и што ја освоив титулата Мис на Европа или Кралица на Европа. Одлична организација и добро искуство за мене“, вели Ѓорѓиевска.

 

Ова беше 10. издание на овој избор. Во Македонија, лиценцата за учество ја има модното студио „Црнокрак“, чија членка е Ѓорѓиевска.