Манчестер јунајтед потврди: Го напуштаат иконскиот „Олд Трафорд“, градат најсовремен стадион


 

Манчестер Јунајтед денеска и официјално потврди дека ќе започне со изградба на нов стадион, кој ќе ја заокружи приказната за иконскиот Олд Трафорд по долги 115 години.

Гигантите од Манчестер потврдија дека ќе градат нов стадион во близина на Олд Трафорд. Стадионот ќе има 100.000 седишта, а неговата изградба ќе чини повеќе од две милијарди евра.

Еден од сопствениците на клубот, Џим Ретклиф, потврди дека го сака „најголемиот фудбалски стадион во светот“, а клубот се надева дека ќе го заврши во рок од пет години.

Одлуката е донесена по обемниот процес на консултации за тоа дали да се реновира Олд Трафорд или да се продолжи со изградба на нов стадион. На крајот беше одлучено да се изгради нов стадион недалеку од Олд Трафорд.

Архитектите од Фостер и Партнерс, кои ќе го проектираат стадионот, изјавија дека ќе има несекојдневен дизајн на покривот. Тие исто така рекоа дека тоа е еден од највозбудливите проекти во светот во моментов.

Манчестер Јунајтед, кој моментално е во долгови од над милијарда фунти, допрва треба да разјасни како ќе го плати стадионот.

Од клубот најавија дека целиот проект ќе има потенцијал за нови 92.000 вработувања. Ќе вклучи и изградба на 17.000 домови и ќе донесе 1,8 милиони нови посетители во областа годишно.

„Денес е почеток на неверојатно возбудливо патување за изградба на најголемиот стадион во светот. Сегашниот стадион добро ни служи во последните 115 години, но заостанува зад арените во светот на спортот. Мислам дека би можеле да завршиме со најпознатиот стадион во светот”, изјави сопственикот Ретклиф.

„Олд Трафорд“ не е реновиран од 2006 година, а во последните години беше мета на критики за протекување. Неодамна светот беше шокиран откако беа објавени снимки од глувци и стаорци на стадионот.