Малта: Мигрантите од бродот ќе бидат распоредени во четири земји на ЕУ
Властите на Малта, исто така, соопштија дека германскиот спасувачки брод „Алан Курди” нема да може да влезе во малтешкото пристаниште.
Бродот и натаму се наоѓа на отворено море,откако беа спасени мигрантите, а екипажот неодамна изјави дека им останало уште малку од залихите.
Владата на Малта додава дека ниту еден од мигрантите нема да остане во земјата.