Малку неочекувано, во Аеродром ќе има втор круг


 

Ако се земат предвид резултатите од парламантарните избори лани и локалните од 2021 изгледаше дека во скопската општина Аеродром речиси сигурно ќе победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен в.д. градоначалник Дејан Митески. Но тој стигна до 49,09 отсто од гласовите (16.225) па ќе се оди повторно на гласање за две недели.

Александар Трајановски од СДСМ има еден од подобрите резултати на опозициската партија во главниот град и со освоени 20,79 отсто (6.872) ќе му се спротивстави на Митески. Тој успеа во целта да влезе пред Марјан Димитриев од Левица за 447 гласа. Аеродром е една од општините каде Левица има значаен број поддржувачи, па ова е одреден успех за СДСМ. Можеби лично на Трајановски, затоа што тој освои за околу 1.500 гласови повеќе од советничката листа на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот, освои 15 места од 27. Левица има шест, СДСМ пет и едно место е за ЗНАМ.