Малезискиот премиер и Ердоган ја насмеа јавноста со возење во автомобил: „Прв пат без обезбедување“


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отпатува во Малезија во официјална посета, а премиерот на земјата Анвар Ибрахим му приреди необичен пречек.

Покрај официјалните состаноци, Ибрахим реши да му овозможи на Ердоган да се повози со автомобил Togg од турско производство.
Ердоган му ја покажа на Ибрахим внатрешноста на автомобилот и го запозна со карактеристиките на Togg.

Потоа, малезискиот премиер и турскиот претседател ги сменија улогите, при што Малезиецот ја презеде улогата на возач на Ердоган.

„Претседателот за прв пат нема обезбедување“, рече малезискиот премиер.

Потоа, Ердоган го прашал дали му се допаѓа дизајнот на автомобилот, што Ибрахим потврдил.

Ердоган и Ибрахим го продолжија разговорот, воодушевувајќи многумина со нивната спонтаност, што секако ретко се случува на вакви средби.

На официјалната прес-конференција Ердоган и Ибрахим се осврнаа на повеќе теми, меѓу кои и идејата на Трамп за раселување на Палестинците од Газа.

„Колку можете да преговарате кога колонизаторот не се повлекол? Ова е исто така прашање на политиката на одземање. Кога на луѓето им одземате земја, куќи, имот… има две прашања што мора да ги решиме. Едно, се разбира, итна хуманитарна помош, но и на долг рок, само пријателско решение на проблемот“, рече Ибрахим.