Максим Димитриевски демантира дека ќе биде министер за одбрана


Максим Димитриевски

Движење ЗНАМ – За наша Македонија на Максим Димитриевски ќе има свој кандидат за градоначалник во Куманово. Од партијата соопштуваат исто така дека владиното мнозинство е стабилно и дека нема преговори за размена на ресори со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ, откако се појавија информации дека Максим Димитриевски може да биде идниот министер за одбрана.

„ЗНАМ за сите отворени прашања и забелешки разговара со премиерот, како и во работната група во која учествува како политички субјект. Таму се разговара, преговара и се усогласуваат политиките. Истовремено се следи реализацијата на владината програма и основните принципи и начела врз кои почива договорот за поддршка на владината програма“, порачаа од партијата.

Истовремено од таму соопштија дека на локалните избори партијата ќе настапи со свои кандидатски листи за советници.

„ Во однос на градоначалничките места се преговара со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за истакнување на кандидати на ЗНАМ или на ВМРО-ДПМНЕ по одредени општини, каде поддршката од двете партии ќе ја добие кандидатот на онаа што ќе биде истакнат за градоначалник уште во првиот круг од изборите. Што се однесува до Куманово, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе има свој кандидат за градоначалник. Партиските тела и органи во Куманово ќе одлучат кој ќе ја има честа да учествува во траката за тоа место.

Деновиве, во пресрет на локалните избори, интензивно се водат преговори помеѓу коалициските партнери од владата, а во тие рамки и мешу ВМРО-ДПМНЕ и движењето ЗНАМ. Според неофиијални информации се разговара за соработка на локалните избори, но истовремено се отвораат и теми поврзани со можна реконструкција на Владата.Според ТВ 21  ВМРО-ДПМНЕ го побарало Министерството за правда, со оглед на тоа дека моментално е во рацете на ЗНАМ. За возврат, би го отстапиле Министерството за одбрана, кое сега е раководено од ВМРО-ДПМНЕ, но под услов нов министер да биде Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово.

Во истиот пакет на преговори, ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка од ЗНАМ за нивниот кандидат за градоначалник на Куманово, додека за возврат би дале поддршка на кандидатот на ЗНАМ за општина Центар.