Макрон за Брижит Бардо: Жалиме за легендата на векот
Париз-Претседателот на Франција, Емануел Макрон, се огласи во јавноста по веста дека Брижит Бардо, легендата на француската и светската кинематографија, починала.
Макрон во објава на својот профил на Икс ѝ оддаде почит на актерката.
– Нејзините филмови, нејзиниот глас, нејзиниот блескав сјај, нејзините иницијали, нејзините таги, нејзината голема страст кон животните, нејзиниот лик што стана Маријана – Брижит Бардо отелотвори живот на слобода. Француско постоење, универзална брилијантност. Таа нè допре. Жалиме за легендата на векот -напиша Емануел Макрон.
Француската актерка Брижит Бардо, која почина на 91-годишна возраст, иако се пензионираше од светот на глумата уште во 1973 година, остави неизбришлив белег во историјата на светската кинематографија.