Макрон влезе во соблекувалната на Франција по финалето: „Слушајте ме сега внимателно“
Аргентина ја совлада Франција во спектакуларно финале и по трет пат во својата историја стана светски првак. Французите не успеаја да ја одбранат шампионската титула од Русија и по финалето во соблекувалната на Триколорите владееше депресија и апатија. Францускиот претседател Емануел Макрон, кој го следеше натпреварот на стадионот, веднаш отиде во соблекувалната на националниот тим за да ги утеши.
„Сега слушајте ме внимателно. Ги воодушевивте милијардите луѓе кои го гледаа овој натпревар. Одигравте одлична игра. Ова е лекција од која можете многу да научите. После ваков натпревар, дефинитивно ќе има грижа на совест. Ве молам да не ви биде жал, вие навистина сте одличен тим“, рече Макрон и потоа додаде:
Fiers de vous. pic.twitter.com/9RMjIGMKGU
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) December 18, 2022
„Покажавте срце, глад и волја за победа. Затоа сакав да дојдам кај вас и да ви се заблагодарам за тоа. Им благодарам на оние кои можат да се збогуваат со овој тим. Има многу многу млади играчи кои ќе направат многу повеќе од мене како претседател“.
Макрон доби аплауз од играчите. Првиот човек на Франција подоцна ги пофали играчите во интервју за ТВ РМЦ.
„Кон крајот на првото полувреме бевме многу далеку од нашата цел. Имаше големи враќања и претходно, но тоа е многу ретко во историјата на фудбалот. Се вративме на вистинскиот пат на голем начин. Неверојатно е што сторија Мбапе и целиот тим. Верував неизмерно во победата. Тогаш направивме чудо со враќањето од ништо. И имавме меч топка.“