Макрон: Со пожарот во Нотр Дам изгоре нешто во секој од нас

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва изјави дека е „многу емотивно за целата нација“ да ја гледа катедралата Нотр дам зафатена од огнени јазици и како се урива нејзината кула.

„Како и сите мои сонародници, несреќен сум што гледам како дел од секој од нас изгоре вечерва“, напиша Макрон на Твитер и воедно изрази солидарност со „сите католици и Французи“.

Макрон за 20 часот имаше закажано редовно обраќање пред новинарите за состојбата на нацијата, но го откажа поради големиот пожар во Нотр Дам.

loading...