Макрон: НАТО е пред умирање, ЕУ на раб на пропаст, а од САД нема ништо
Францускиот претседател Емануел Макрон, во интервју за британски „Економист“ вели дека НАТО е пред умирање, а дека Европската Унија се наоѓа на раб на пропаст.
Макрон ги предупреди членките на ЕУ дека веќе не може да се потпираат на САД, односно дека од Америка не може повеќе да очекуваат да застане во одбрана на земјите членки на НАТО.
„Она што во моментот го поминуваме може да се опише како мозочна смрт на НАТО. Европа пак, се наоѓа на раб на пропаст“, вели Макрон.
Додава дека Европа мора да почне стратешки да размислува за самата себе како за геополитичка сила.
Во спортивно Европа повеќе нема да ја контролира сопствената судбина, вели макрон, а пренесе Индекс.хр.
Макрон додава дека до сега Европа и Америка ги делеле интересите, и дека неуморно се трудел да одржи добри односи со претседателот Доналд Трамп.
Но, смета тој, Амњрика прв пат има претседател кој „не ја дели нашата идеја за европски проект“, и дека, дури и ако Трамп не победи на следните избори, историските текови го направија своето и ги раздвоиле старите сојузници.
Макрон во едночасовното интервју за „Економист“, кое се водело во Елисејската палата, рекол дека „Европа мора да се разбуди“.
На прашањето дали верува во ефективноста на членот 5 од НАТо, односно во идејата дека во случај на напад на една членка на НАТО сите останати земји членки ќе притрчаат на помош, што пак многу аналитичари го сметаат за главно средство на одвраќање од напад на членка на НАТО, Макорн вели:
„Не знам. Но, што ќе значи членот 5 утре?“