Насилство низ Париз по победата во Лигата на шампионите

Францускиот претседател Емануел Макрон им честиташе на играчите и навивачите на Пари Сен Жермен за нивната победа во финалето на Лигата на шампионите.
„Ден на триумф за ПСЖ. Браво!“ напиша Макрон на својата страница на социјалната мрежа X.
Пари Сен Жермен ја постигна најубедливата победа во историјата на финалните натпревари од Лигата на шампионите. Во Минхен, парискиот клуб го победи италијанскиот Интер со 5:0.
Во меѓувреме, париската полиција приведе 68 фудбалски навивачи за учество во немирите за време на финалето на Лигата на шампионите, објави БФМТВ, повикувајќи се на извор од органите за спроведување на законот. По победата на Пари Сен Жермен, навивачите се обидоа да го блокираат кружниот пат на главниот град.
Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Рејто изјави дека им наредил на органите за спроведување на законот да „дејствуваат цврсто“. Безбедноста во главниот град ја обезбедуваа 5.400 полицајци и жандармери.
Париската полиција употреби солзавец за време на судирите со фудбалските навивачи на Шанзелизе, јавуваат француските медиуми. Агресивните навивачи користеле пиротехнички средства, фрлале камења и шишиња кон полицајците. Како одговор, полицијата ги привела хулиганите и ситуацијата се смирила.
На некои места избувнаа судири со полицијата, а беа употребени и водни топови и солзавец.
На плоштадот Етоал, демонстрантите ја пробија полициската бариера, а на Шанзелизе беше запален автомобил, а продавница за чевли беше ограбена.
Министерот за внатрешни работи Бруно Ретахо остро го осуди насилството.
„Вистинските навивачи слават, додека варварите го уништуваат градот и ја провоцираат полицијата“, рече тој за мрежата X.
Илјадници навивачи учествуваа во прославата, а Ајфеловата кула беше осветлена во боите на клубот.И покрај инцидентите, атмосферата на многу места остана празнична.
Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, апелираше до навивачите да останат смирени: „Славиме, но без насилство“, рече тој.
Израелскиот претседател Исак Херцог денес го осуди вандализмот врз еврејските институции во Париз, вклучително и прскањето со зелена боја врз синагогата изградена од прадедото на израелскиот шеф на државата.
„Згрозен сум од нападот врз еврејските институции во Париз на Шабат, вклучувајќи ја и синагогата во населбата Маре, изградена од мојот прадедо, рабинот Џоел Херцог“, рече Херцог на X.
Тој рече дека разговарал со Советот на еврејски институции во Франција (CRIF), на кого му изразил поддршка и солидарност.
„Ги повикувам француските власти да дејствуваат брзо и решително за да ги изведат сторителите пред лицето на правдата и да ја одбранат еврејската заедница од омраза и напади од каков било вид“, рече Херцог.
Француската полиција утрово објави дека пет еврејски институции во Париз биле испрскани со зелена боја, а за инцидентите е покрената истрага.