Макрон: Апсолутно последен рок за Брегзит е 31 октомври
Францускиот претседател Емануел макрон истакна дека 31 октомври е последен рок за повеќепати одложуваниот Брегзит.
– Сметам дека тоа треба да биде крајниот рок, заштоа што не сакам новиот состав на Европската комисија да се занимава со тоа прашање, истакна Макрон, истакнувајќи дека ново одложување би било голема грешка.
Сепак, постои исклучок за продолжување на рокот, а тоа е евентуален нов референдум за Брегзит.
– Пролонгирање е остварливо доколку имаме нов референдум или нов модел кој би бил прифатлив за останатите членки и за нашиот преговарач, потенцираше Макрон.