Македонските ученици освоија 5 бронзи на Јуниорската олимпијада по природни науки
На 21. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, која се одржува од 2 до 12 декември 2024 година во Букурешт, Романија, олимпијците од Македонија освоија 5 бронзени медали, соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.
Освојувачи на медалите се:
-Никола Стојковски, ученик во прва година во Математичко-информатичка гимназија во Скопје;
-Мила Порјазоска, ученичка во прва година во СОУ „Орце Николов“ во Скопје;
-Андреј Тасиќ, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје;
-Јаков Геговски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје и
-Валентино Атанасоски, ученик во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“ Скопје
Од ДФРМ истакнаа дека на Олимпијадата успешно го претставила своето знаење и за помалку од 0,25 поени не освоила медал и Михаела Блажевска, ученичка во прва година во Математичко-информатичка гимназија во Скопје