Македонските ракометари во група со Данска на Европското првенство 2026


Македонската машка ракометна репрезентација ги дозна своите противници на Европското првенство, кое следната година ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.

На ждрепката одржана вечерва во данскиот град Хернинг, македонските ракометари беа сместени во групата Б, во која ќе играат против кодомаќинот Данска, Португалија и Романија.

Титулата ја брани Франција, која ја победи Данска по продолженија во финалето на Евро 2024 во Келн.

EHF Евро, жрепка за групната фаза:

Група А: Германија, Шпанија, Австрија, Србија

Група Б: Данска, Португалија, Македонија, Романија

Група Ц: Франција, Норвешка, Чешка, Украина

Група Д: Словенија, Фарски Острови, Црна Гора, Швајцарија

Група Е: Шведска, Хрватска, Холандија, Грузија

Група Ф: Унгарија, Исланд, Полска, Италија.