Македонските прволигаши ќе добијат по 150.916 евра

Денеска беше донесена одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра, односно секој прволигаш ќе добие по 150.916 евра.
„Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации). Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916 евра“, соопшти ФФМ.
Меѓу другото назначен беше и нов генерален секретар. Во иднина оваа функција ќе ја извршува Леонид Јандреоски. Поранешниот фудбалер е назначен за прв оперативец во „Куќа на фудбалот“ со мандат од четири години.
28-годишниот Леонид Јандреоски е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистерски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент.
Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Стекна и сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК.