Македонските одбојкари пропуштија да освојат сет во дуелот со Грција

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва загуби со 3:0 во сетови на гостувањето во Атина од Грција. Резултат по сетови: 25:18; 25:15 и 27:25.
Шансата за освојување на еден сет македонските одбојкари ја испуштија во третиот сет. Најпрво водеа со 10:5, а потоа избраниците на селекторот Јошко Миленковски не искористија две сет топки при водство до 24:23 и 25:24. Противникот покажа повеќе концентрација во завршните поени и го освои сетот што значеше и победа.
„Црвено-жолтите“ имаа добар почеток на дуелот и водство од 9:6 во првиот сет, но сепак грчките одбојкари го добија сетот со 25:18. Во вториот сет противникот покажа и зошто е фаворит во групата и најдобрата репрезентација и сетот го доби со 25:15.
Македонскиот одбојкарски тим ги задржува шансите за пласман на Евроспкото првенство, но ќе биде потребна максимална победа од 3:0 во сетови во недела во Скопје против Грузија, но резултатите од другите групи да бидат во наша корист.