Македонските одбојкари изборија пласман на Европското првенство 2026

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026.
Македонците по четврти пат во низа ќе играат на континенталното првенство.
„Црвено-жолтите“ успеаја да дојдат до посакуваната убедлива победа над Грузијците со 3:0, по сетови 25:13, 25:16 и 25:17.
Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски го освоија второто место во Ф-групата и како една од петте најдобро второпласирани селекции во квалификациите одат на ЕП 2026.