Македонските кошаркарки ги дознаа противниците во квалификациите за ЕП2027

Со жрепка попладнево во седиштето на ФИБА Европа во Минхен беа одредени групите за првиот квалификациски круг за пласман на Европското првенство за кошаркарки во 2027 година.
Жрепката ја смести Македонија во групата Ф заедно со репрезентациите на Хрватска, Грција и Данска.
Првиот квалификациски круг ќе се игра од ноември 2025 до март 2026 година, а победниците во групите и второпласираните, како, и трите најдобри селекции според резултатите од првиот круг – вкупно 17, ќе обезбедат пласман во втората квалификациска рунда.
Репрезентациите кои ќе бидат елиминирани во првата рунда ќе се „преселат“ во претквалификациите за ФИБА Евробаскетот во 2029 година.
ГРУПА А
БиХ, Израел, Луксембург, Ирска
ГРУПА Б
Словенија, Летонија, Холандија, Естонија
ГРУПА Ц
Словачка, Полска, Романија, Кипар
ГРУПА Д
Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Австрија
ГРУПА Е
Црна Гора, Украина, Бугарија, Азербејџан
ГРУПА Ф
Грција, Хрватска, Данска, Македонија
ГРУПА Г
Србија, Португалија, Исланд
Женскиот Евробаскет 2027 ќе се одржи во Белгија, Шведска, Литванија и Финска, кои се дел од групата Х.