Македонските дипломати ги надиграа во тенис колегите и од Запад и од Исток


По повод одбележувањето на Денот на Министерството за надворешни работи и 70 годишнината од основањето на Тениска федерација на  Македонија, вчера се одржа традиционалниот Дипломатски тениски турнир. 

Спортско дипломатскиот настан се одржа под покровителство на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на терените на ТК „Југ“-Скопје, со учество на дипломати од резидентните дипломатските и конзуларни претставништва и претставници на меѓународни организации во земјата, како и на дипломати од Министерството за надворешни работи на Македонија.

По завршувањето на натпреварувачкиот дел од тенискиот турнир заменик министерката  за надворешни работи на Северна Македонија, Фатмире Исаки ги додели наградите на победниците.